Познатата бајка за "The Princess and the Frog" ја раскажува приказната за принцезата Тијана и фаталниот бакнеж со жабата-принц која очајно сака да стане повторно човек. Со "Alvin and the Chipmunks: The Squeakquel" познатото музичко трио повторно се враќа, а сега во игра се справувањето со славата и училишните обврски, но и со конкурентската музичка група Чипетс. "Fame", адаптацијата на истоимениот мјузикл од 1980 г, ви ги претставува приказните на студентите на академијата за музика и танц во Њујорк, а патувачкиот театар во "The Imaginarium of Doctor Parnassus" и нуди на публиката повеќе отколку што очекува. Ова е воедно и последниот филм во кој глуми прерано починатиот Хит Леџер. Клик на постерот за да го погледнете трејлерот на филмот!
Како и секоја година, така и оваа, Mr. Skin
ја објави годишната листа за најдобрата голотија во филм. Овие актерки
можеби нема да добијат Оскар, но публиката дефинитивно уживаше во
нивните улоги. Следуваат сцените кои Mr. Skin ги избра за најдобри. Уживајте во фотографиите!!!
Само што ќе помислите дека ни го открила своето вистинско лице, таа повторно успева да изненади. Што крие под велот на мистеријата, една од најсексипилните глумици во Холивуд?
За Сузан тој е човекот од нејзините
соништа, но нејзиниот син Мајкл се сомнева дека Дејвид има своја мрачна страна и не е човекот за кој се претставува...
Морганови ќе бидат сведоци на убиство и ќе станат цел на убиецот, па федералците ќе ги оттргнат од нивниот сакан Менхетан и ќе ги пратат во едно мало гратче...
По смртта на Сем, неговиот брат Томи и сопругата Грејс набрзо ќе почнува да чувствуваат нешто повеќе од пријателство. Но, не знаат дека Сем е всушност жив...
Кога двете негови деца ќе заболат од смртоносна болест, таткото се здружува со брилијантниот, но непризнаен
научник и заеднички ќе основаат
компанија насочена кон пронаоѓање на лекот кој може да им ги спаси животите на децата
Сам против сите, поединец против општеството – тоа е основниот мотив на трилерот “Правда за сите”. Главниот лик е човек кој се впушта во беспоштедна борба со општеството, сам против сите, само со помош на својата интелигенција. Набрзо со својата способност без никаква грешка да ги планира своите чекори однапред тој станува вистинска опасност за полицијата и целото општество. Значи, доколку сакате филмови кои ја разработуваат темата на манипулативен одмаздник кој ја изигрува полицијата и органите на власта, ова е филм за вас.
Алелуја - паѓам на колена пред американската маркетинг-машинерија. Нејзините моќи се неограничени. Може од вода да направи вино и од просечен (или да бидеме искрени потпросечен) филм да создаде светски мегахит. Добро ни ја продадоа приказната за предвидувањето на древните Маи дека светот ќе исчезне на 21 декември 2012 година и филмот од обична фикција стана пророштво за крајот. Интернетот почна да се полни со модерни Месии кои ни ги отвораа очите дека ете, ја дознавме "вистината" и ни нема спас, па дури и НАСА мораше да отвори веб-страница за да нè увери дека нема причина за паника. И... илјадници луѓе дојдоа да се просветлат во кинсоалите со билетчето в рака, а резултатот е - надуван балон.
Ѕвездата на серијата "Gossip girl" Блејк
Ливли ќе се појави на насловната страница на декемврискиот број на
магазинот Marie Claire. Во интервјуто за списанието таа зборува за
соработката со Мариа Бело во нивниот нов филм "The Private Lives of
Pippa Lee", за нејзината сличноста на ликот на Серена од "Gossip girl"
и за своето детство. Но, вие уживајте во фотосесијата!
Сигурно се сеќавате на слатката Рејчел Билсон од серијата "Округот Оринџ"? Таа моментно е популарна со својот последен филм "NewYork, I love you", а наскоро ќе ја видиме и во улогата на Ема Твист во романсата "Waiting for forever". Во ноемврискиот број на магазинот Flaunt оваа 28-годишната актерка се претстави во најсекси издание до сега. Дури изненадувачки
секси за неа!
Приказната за принцезата, бакнежот и жабата
го доби своето продолжение (во малку изменето место на настаните),
одбележувајќи го враќањето на Дизни на севременската традиционална
анимација. Авторите на “Малата сирена“ и
“Аладин“ ви ја раскажуваат, најубавата
љубовна приказна...за жабите, распеаните алигатори и останатите.
Филмот ќе се прикажува на 6 и 7 фебруари, а проекциите започнуваат во 12:00 часот.
Кога двете негови деца ќе заболат од смртоносна болест, успешниот бизнисмен Џон Кроли се здружува со брилијантниот, но непризнаен
и неконвенционален научник д-р Роберт Стоунхил и заеднички ќе основаат
компанија насочена кон пронаоѓање на лекот кој може да им ги спаси животите на децата. Традиција на филмовите кои се номинирани за
награди на Филмската Академија како што се „Ерин Бронкович“, „Во
потрага по среќата“ и „Вонредни мерки“, е што се инспирирани од
вистинската приказна на Џон Кроли, човекот кој им се спротистави на
вообичаените теории и големите разлики, притоа ризикувајќи ја иднината
на своето семејство сè со цел да пронајде лек за смртоносната болест на
неговите деца.
Филмот ќе се дава од 5-ти до 11-ти фебруари со почеток од 18:00 и 20:30 часот.
Човек пишува, живее и ја обожава темнината. Пред
четиринаесет години, имал тешка сообраќајна несреќа на островот
Ланзарот. Во несреќата покрај тоа што го изгубил видот, ја изгубил и
Лена, љубовта на неговиот живот. Овој човек користи две имиња: Хари
Кеин, шеговит псевдоним кој го употребува за потпишување на неговите
литературни дела, приказни и скрипти, и Матео Бланко, неговото право
име, по кое е нормално познат и со кое се потпишува на филмот што го
режира.
Проекциите на филмот ќе се прикажуваат во кино Фросина во 20.00 во периодот од 4 -ти до 7-ми фебруари
Најплатени топ-модели за 2009
По четврти пат бразилската убавица Жизел
Будшен се најде на првото место на најплатени топ-модели за 2009 година
со годишната заработувачка од 25 милиони долари. Веднаш зад неа на листата, со заработувачка
од 16 милиони долари, е германскиот топ-модел Хајди Клум која со своите
36 години е најстара манекенка на листата. Меѓу првите пет се најдоа Кејт Мос, Адријана Лима и Дуцен Крос.
Следува целосната топ листа како и фотографии од најплатените 10 топ-модели во светот.